Голема трагедија денеска во семејството на поранешниот градоначалник на општина Битола Владимир Талевски.
Според извори на 4NEWS.mk денеска почина една од двете ќерки на Талевски.
Во моментов нејасни се причините за смртта. Таа живееше во Битола и имаше семејство и дете.
Талевски е во прилепскиот затвор каде издржува казна затвор во случајот „Транспортер“.