Македонија нова зграда

Тошковски во посета на Одделот за форензички испитувања при МВР

Во рамки на посетата Тошковски оствари работен состанок со началничката на Одделот која ја презентираше структурата на оваа организациска единица и ги образложи проблемите со кои сè уште се соочуваат од аспект на набавка на соодветни материјално-технички средства кои подолго време не се набавени, а се неопходни за целосно ставање во функција на новата зграда, односно за комплетно префрлање на оние лаборатории кои во моментот сè уште се лоцирани во стариот објект.

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на Одделот за форензички испитувања при МВР кој од неодамна доби нова зграда која беше изградена согласно најновите меѓународни стандарди, а со поддршка на Европската Унија.

Во рамки на посетата Тошковски оствари работен состанок со началничката на Одделот која ја презентираше структурата на оваа организациска единица и ги образложи проблемите со кои сè уште се соочуваат од аспект на набавка на соодветни материјално-технички средства кои подолго време не се набавени, а се неопходни за целосно ставање во функција на новата зграда, односно за комплетно префрлање на оние лаборатории кои во моментот сè уште се лоцирани во стариот објект.

Исто така, заедно со началничката министерот Тошковски ги посети различните одделенија кои функционираат во рамките на овој Оддел и преку непосредна комуникација со вработените беше запознаен со нивната работа.

Најнови вести од Македонија

To top