Македонија Tри тематски сесии

Тошковски во Брисел на Конференција на Глобалната алијанса за борба против шверцот со мигранти

Собирот има за цел да го премости јазот помеѓу глобалните, тематските и регионалните партнерства и процеси и други иницијативи, со цел да се идентификуваат добри практики што можат да ги подобрат синергиите и да ја поттикнат соработката.

Тошковски во Брисел на Конференција на Глобалната алијанса за борба против шверцот со мигранти

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Брисел учествува на Меѓународна конференција на Глобалната алијанса за борба против шверцот со мигранти.

На конференцијата ќе бидат разгледани клучните трендови во нерегуларната миграција и шверцот со мигранти, како што се начинот на работа на шверцерите, вклучително и во однос на организирањето на нерегуларната миграција по воздушен пат, и ќе се идентификуваат стратегии за справување со овие предизвици преку зајакната оперативна и судска соработка и подобрена размена на информации.

Собирот има за цел да го премости јазот помеѓу глобалните, тематските и регионалните партнерства и процеси и други иницијативи, со цел да се идентификуваат добри практики што можат да ги подобрат синергиите и да ја поттикнат соработката.

Во рамки на конференцијата ќе се одржат и три тематски сесии фокусирани на превенцијата, одговорот и алтернативите на нерегуларната миграција.

На конференцијата свои обраќања ќе имаат и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер.

Меѓу учесници на собирот ќе бидат владини претставници на земји од Европа, Африка, Азија и Централна Америка, меѓу кои и министрите за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, на Белгија, Бернар Квинтан, на Србија, Ивица Дачиќ и на Црна Гора, Данило Шарановиќ, шефицата на британската дипломатија Ивет Купер, министерката-делегат во француското МВР, Мари Пјер Ведрен, државниот секретар во германското МВР, Кристоф де Врис, извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија Хена Виркунен, еврокомесарката за финансиски услуги и инвестиции Марија Луис Албукерки, еврокомесарот за меѓународни партнерства Јозеф Сикела, извршниот директор на Фронтекс, Ханс Лајтенс, извршната директорка на Европол, Катерина Де Боле и други високи претставници на европски агенции и меѓународни организации.

To top