Македонија

Тошковски: Отворивме нова канцеларија на управни служби на МВР во Сарај, ги доближуваме услугите поблиску до граѓаните

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во рамки на посетата на Полициското одделение во Сарај ја отвори новата канцеларија на управните служби на МВР, која ќе овозможи побрз пристап на граѓаните од овој дел на Скопје до услугите на МВР.

Министерот Тошковски истакна дека отворањето на канцеларијата, трета по ред за краток период, како дел од низа други кои ќе бидат отворени е со цел граѓаните да имаат побрз пристап до документите и услугите кои им се потребни.

„Денеска сме во рамки на Полициското одделение на територија на Општина Сарај и како што и најавивме освен што започнавме со отворање на управни служби во рамки на Општина Јегуновце, Општина Липково, еве денес и во рамки на Општина Сарај започнуваме со спроведување на севкупната акција која е насочена кон доближување на услугите на министерството за внатрешни работи до граѓаните. Од денес, граѓаните на Општина Сарај ќе можат реално да пристапат во рамки на својата Општина, да не треба да патуваат до пунктовите во рамки на градот Скопје, поедноставно и побрзо да го завршуваат процесот на вадење на лични документи. Овде ќе може да се заврши целосниот процес од отпочнување на постапката се до земање на документот, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски нагласи и дека се планира со новиот закон за внатрешни работи и полиција, Полициското одделение во Сарај треба да прерасне во Полициска станица со што ќе се зголеми бројот на полициски службеници што ќе резултира со зголемување на безбедноста во самата општина и околните места.

To top