Македонија Имаат проблем со патните исправи

Тошковски на средба со претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници

На средбата претставниците на асоцијацијата ги претставија проблемите со кои се соочуваат туристичките водичи, а пред се го истакнаа проблемот со патните исправи кои им се неопходни при своето секојдневно работење.

Тошковски на средба со претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници

Денеска (06.02.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се сретна со претседателот Димитар Кавраков и претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници.

На средбата претставниците на асоцијацијата ги претставија проблемите со кои се соочуваат туристичките водичи, а пред се го истакнаа проблемот со патните исправи кои им се неопходни при своето секојдневно работење.

Туристичките водичи и придружници се амбасадори на нашата држава и треба да им се излезе во пресрет на нивните барања.

Министерот Тошковски изјави дека преземените мерки за забрзување на процедурите за сите граѓани веќе вродуваат со плод, па така истите ќе резултираат со позитивен исход и за членовите на Асоцијацијата на туристички водичи и придружници.

To top