Македонија

Тошковски – Миљаниќ: Заеднички приоритет – членство во ЕУ и реализирање на оваа стратешка цел

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Црна Гора во земјава Зоран Миљаниќ.

На средбата, како што информира МВР, беше оценето дека соработката меѓу двете министества е на исклучително високо ниво со заемен интерес за нејзино продлабочување во борбата против организираниот криминал, илегалната миграција, трговијата со луѓе и шверцот со дрога.

– Двете страни се сложија дека илегалната миграција е предизвик за безбедноста на двете земји и преку заеднички изразена волја може да се придонесе за уште подобро управување со миграцијата и заштита на границите преку поинтензивна соработка во рамките на регионалните иницијативи, се вели од соопштението.

На средбата, како што се наведува, беше потврдено дека нашите две пријателски земји имаат заеднички приоритет – членство во Европската Унија и реализирањето на оваа стратешка цел ќе биде олеснета преку размената на искуства и добри практики и засилување на регионалните врски на пријателство и соработка.

To top