Македонија мвр

Тошковски домаќин на министерски состанок во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

„Нашето заедничко дејствување е важно и корисно не само за пошироката јавност, туку и за граѓаните на нашите земји, за чие добро и безбедност работиме и ние како службеници во Министерствата. Постабилна, побезбедна, економски напредна Југоисточна Европа, тоа им го должиме на нашите граѓани. Да продолжиме да работиме заедно за тоа и да им го обезбедиме“, потенцираше Тошковски.

Тошковски домаќин на министерски состанок во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски беше домаѓин на министерскиот состанок „Трендови и предизвици во регионалната безбедносна соработка во регионот во Југоисточна Европа низ призмата на организираниот криминал со акцент на криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе и нејзино натамошно унапредување“ кој се одржува во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Во рамки на овој состанок министерот Тошковски имаше свое обраќање во кое истакна дека oсобено му е драго што меѓу нас имаме присуство на речиси сите учесници на Процесот, застапени на различно ниво, докажувајќи ја посветеноста на оваа иницијатива, поддршката која заеднички ја нудиме за да го зачуваме мирот, безбедноста, стабилноста, солидарноста и добрососедските односи кои веќе се признаени и на европско ниво. Воедно потенцираше дека oрганизираниот криминал забрзано се развива ширум светот и претставува растечка закана за општествата и за граѓаните. Еволутивен и повеќедимензионален по карактер, организираниот криминал се прилагодува на новите технологии и брзата дигитализација што доведува до нови предизвици во одржувањето на безбедноста како на регионално, така и на светско ниво.

„Нашето заедничко дејствување е важно и корисно не само за пошироката јавност, туку и за граѓаните на нашите земји, за чие добро и безбедност работиме и ние како службеници во Министерствата. Постабилна, побезбедна, економски напредна Југоисточна Европа, тоа им го должиме на нашите граѓани. Да продолжиме да работиме заедно за тоа и да им го обезбедиме“, потенцираше Тошковски.

Најнови вести од Македонија

To top