Македонија

Токсичната атмосфера создавана од Палевски создаде рекетарска банда

Токсичната атмосфера создавана од Палевски создаде рекетарска банда

Една од клучните поуки кои треба да се извлечат од последниот трагичен случај кој ја потреси целата македонска јавност, во кој беа убиени 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, покрај подигнување на безбедноста по улиците е и мониторирањето на медиумскиот простор, спречување и казнување на говорот на омраза и подигнување на медиумската писменост кај граѓаните.

Ова се јавува како итна потреба бидејќи првоосомничениот за убиствата според исказите на веќе уапсените и досегашните докази е контраверзниот бизнисмен од Скопје и основач на партијата Десна, Љупчо Палевски-Палчо кој бил и те како присутен во креирањето на јавното мислење благодарение на просторот и слободата која му се даваше во медиумите и социјалните мрежи каде што беше активен и секојдневно споделуваше политички пораки.

Тој не престана да споделува политички пораки говори и дебати ниту денот кога е извршено првото убиство, на Панче Жежовски од Велес, па истиот ден има неколку политички објави на неговата Фејсбук страница. Палевски не објавил ништо само на денот на убиството на девојчето, а само ден потоа има обраќање од час и половина во кое беседи дека Македонија е пералница на пари во Европа и истиот ден објавува и 2,5-часовна видео дебата.

Ваквите постапки само докажуваат за каков монструм без никакво чувство на вина и грижа на совест се работи, но и покрај тоа, и покрај говорот на омраза кој го користеше, ниту медиумот во кој беше чест гостин и водител, ниту институциите не преземаа ништо за спречување или санкционирање.

Против Палчо, според информациите на МВР во последните години имало 6 кривични пријави меѓу кои за измами за нелегално градење, а последно беше фатен и со нелегален пиштол. Но, овие пријави и начин на дејствување и функционирање во општеството повторно не преставуваа пречка, за откако беше нападнат пред неговата зграда, дел од медиумите да го претстават како жртва и од него да прават ѕвезда давајќи му одврзани раце да беседи заедно со нив на поткасти и емисии, да влијае врз јавното мислење и да наметнува политички тези користејќи говор на омраза, а притоа од друга страна и институциите не преземаа ништо, најверојатно поради тоа што актуелната власт имаше интерес од нападите кои доаѓаа од овие емисии кон опозицијата.

Ваквата токсична атмосфера која со таков говор се негуваше на овие емисии, а притоа влакно да не му фали, бидејќи беше толериран и од институциите, можеби било пресудно монструмот Палевски да се впушти во сомнителни шеми со неговата екипа и резултатот е тоа што го потресе цел регион.

Палевски и во минатото се шпекулираше дека уценува луѓе благодарение на тоа што поседувал дел од таканаречените „бомби“ од кои дел објави Зоран Заев како тогашен лидер на СДСМ, а остатокот требаше да бидат предадени на Специјалното јавно обвинителство, но очигледно тоа не се случило и истите биле злоупотребувани.

To top