Македонија во Виена

Тинејџер по потекло од Македонија главен осомничен за можен терористички напад на концерт на Тејлор Свифт

Свифт имаше закажани концерти на стадионот Ернст Хапел во Виена во четврток, петок и сабота.

Тинејџер по потекло од Македонија главен осомничен за можен терористички напад на концерт на Тејлор Свифт

Во Австрија се уапсени двајца екстремисти, а еден од нив е осомничен дека планирал напад на некои од настаните во Виена, вклучително и на претстојните концерти на Тејлор Свифт.

Еден од уапсените лица е 19-годишно момче со потекло од Македонија. Тој е уапсен во Терница, додека второто лице е уапсено во Виена, објави австрискиот весник „Кронен цајтунг“.

Во рамките на акцијата за апсење, извршен е претрес на куќата на 19-годишниот маж кој е уапсен, при што се одземени одредени предмети, како и пронајдените „хемиски материи“. Момчето наводно работело за хемиска компанија.

Според неофицијални информации, неколку недели претходно се заколнал на лојалност на терористичката организација Исламска држава (ИД), а соседите за медиумите изјавиле дека неодамна забележале промена во однесувањето на младиот човек.

Своите планови за терористички напад наводно ги споделил со друг симпатизер на ИД преку смс пораки, а полицијата заклучила дека токму на концертот можел да биде изнеден нападот, според неговите пребарувања.

Дотичниот 17-годишник истиот ден бил уапсен во Виена, но засега не се знае како точно бил вмешан во целиот план. Наводно е вклучен и трет млад човек, но тој моментално е во бегство.

Безбедносната ситуација околу планираниот напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена беше многу сериозна и беше избегната трагедија, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер откако беа откажани три концерти на поп пејачката Тејлор Свифт. Безбедносните служби потврдија дека е планиран напад на стадионот.

Нехамер на мрежата Х напиша дека благодарение на интензивната соработка на австриската полиција со странски служби, заканата била рано идентификувана и спречена е трагедија. Три концерти на Тејлор Свифт во Виена се откажани откако владата потврди дека бил планиран напад на стадионот, објави организаторот.

Свифт имаше закажани концерти на стадионот Ернст Хапел во Виена во четврток, петок и сабота.

Најнови вести од Македонија

To top