Македонија Децата бојкотираат, родители протестираат

Тензично во Чашка: Полицијата едвај ја спаси директорката од револтираните и гневни граѓани (ВИДЕО)

Училиштето, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка, според родителите,  е насилно и незаконски.

Тензично во Чашка: Полицијата едвај ја спаси директорката од револтираните и гневни граѓани (ВИДЕО)

Нема договор за албанската паралелка во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка. Министерот за образование Јетон Шаќири не попушта, учениците ја бпјкотираат наставата, а родителите протестираат.

Секојдневните протести на родителите станаа тензични.Тие и натаму бараат оставка од директорката Елена Николова,која денес морала да побара полициска заштита за да дојде на работното место.

-Ние ги пренесовме заклучоците од состанокот и револтот е токму поради тоа зголемен. Единствено што во моментов е официјално барање од нас е директорката да се промени. Во тој случај наставата ќе тече нормално и ќе продолжиме да комуницираме со министерот и со остатите за да се  најде решение, изјави за Алфа, Цвета Пешовска, родител.

Училиштето, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка, според родителите,  е насилно и незаконски.

To top