Македонија потврдуваат од Обвинителството

Таткото на Вања Ѓорчевска на распит во полициска станица

Оттаму велат дека ќе биде задржан до утре и дека се расчистува да се види неговата инволвираност.

Таткото на Вања Ѓорчевска на распит во полициска станица

Таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска е на распит во полициска станица, откако вечерва МВР соопшти дека девојчето по кое се трагаше од понеделникот е пронајдено мртво, потврдија од Обвинителството.

Оттаму велат дека ќе биде задржан до утре и дека се расчистува да се види неговата инволвираност.

Вања исчезна на 27 ноември, а денеска во близина на Скопје е пронајдено нејзиното тело. Во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој се водел за исчезнат од 24 ноември.

За двата случаи, како што информираа вечерва од МВР, осомничени се пет лица. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“.

Според информацијата на МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Од МВР информираат дека сите осомничени се од македонска етничка припадност.

Убиство извршено од „користољубие“ е дефинирано во членот 123 од Кривичниот законик. Со затвор од најмалку десет или со доживотен затвор ќе се казни тој што: друг ќе лиши од живот од користољубие, заради извршување или прикривање на друго кривично дело, од безобѕирна одмазда или од други ниски побуди, предвидува Кривичниот законик.

Инаку дел од медиумите излегоа со информација, повикувајќи се на извори од истрагата дека полицијата трага по лицето Љ.П. од Скопје, кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска. Тој избегал од државата, според првичните инфотмации и во моментов по него се трага.

МИА

To top