Македонија ДОБРИ ВЕСТИ ЗА СОСТОЈБАТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ

Таравари: Сите повредени кои што се лекуваат се во стабилна состојба, освен еден кој што се лекува во Анкара (ВИДЕО)

Добра вест, како што кажа, е што денеска се испишуваат 10 пациенти, реце Таравари.

Таравари: Сите повредени кои што се лекуваат се во стабилна состојба, освен еден кој што се лекува во Анкара (ВИДЕО)

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес конференција по состанокот со Кризниот штаб, информираше дека моментално се лекуваат 162 лица од пожарот во Кочани.

Добра вест, како што кажа, е што денеска се испишуваат 10 пациенти.

„Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички центар лежат 25 пациенти, во „8 септември“ се 12, во Градска општа болница 11 и во Штип 1 пациенти. Исписи имаме еден пациент од Штип, еден од Детска Хирургија, три ќе се испишат од Торакална хирургија. Во Систина и Жан Митрев се лекуваат 10 пациенти, од нив 5 денеска се испишуваат“, порача Таравари.

Најнови вести од Македонија

To top