Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази уверување дека привременото отстапување територии на Русија ќе биде опција за брз крај на украинската војна.
-Потребна ни е линија за прекин на огнот и, се разбира, идеално таа треба да ги покрива сите територии кои Русија во моментов ги контролира, но гледаме дека тоа не е многу реално во блиска иднина. Украина би можела привремено да отстапи дел од своите територии за ова цел, рече тој, пренесува германската телевизија Тагесшау.
Столтенберг изјави и дека е важно владата во Киев да добие безбедносни гаранции во замена за привремени отстапки на територија. Според него, тоа би можело да биде членство во Алијансата, но има и други начини за вооружување и поддршка на Украинците. (МИА)