Македонија

Стојкоски: Избришавме маркица за зграда за да добиеме парцела за детска градинка, во Ѓорче ќе изградиме и ново основно училиште

Стојкоски: Избришавме маркица за зграда за да добиеме парцела за детска градинка, во Ѓорче ќе изградиме и ново основно училиште

Во врска со новиот ДУП дадена е согласност од Министерството за труд и социјална политика дека изградбата на новата предвидена градинка која со последната измена на планот сме ја вцртале, односно сме дале маркица која претходно не постоеше, една маркица избришавме за зграда, за да добиеме парцела за нова детска градинка, од министерството имаме добиено согласност дека можеме да ја градиме во иднина, ова денеска преку прес-конференција го истакна градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

-Имаме добиено и одобрение од Министерството за образование за изградба на училиште, а со тоа делот на јавни дејности и делот кои што вклучуваат образование, предшколска и воспитна дејност се иполнети и ова ќе биде првиот урбанистички план во Ѓорче Петров кој што се прави на неизградена површина и каде што ќе имаме можност да ги поставиме темелите со правилна подземна и надземна инфраструктура и истиот е со функција да ги опслужи и жителите на соседните зони на живеење во Ѓорче Петров, вели Стојкоски.

Тој додава дека со носење на овој детален урбанистички план општината Ѓорче Петров е финансиски обезбедена една декада во иднина.

Најнови вести од Македонија

To top