Македонија Ѓорче Петров

Стојкоски: 18 милиони денари за реконструкција на улица 1 со фекална канализација

Инфраструктурната револуција продолжува во сите делови на општина Ѓорче Петров. Со поддршка на Владата се решаваат децениски проблеми, нагласи Стојкоски.

Стојкоски: 18 милиони денари за реконструкција на улица 1 со фекална канализација

Кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски заедно со заменик министер за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска на терен го презентираа проектот за инфраструктура со што се решава голем проблем на жителите на новата населба во Ново Село.

Проектот е со вредност од 18 милиони денари за реконструкција на улица 1 со фекална канализација, објави Александар Стојкоски кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров.

-Тука сме да ги решаваме проблемите на жителите, имаме слух и работиме посветено, проектот е во завршна фаза на јавна набавка и наскоро започнуваме со реализација, објави тој.

Инфраструктурната револуција продолжува во сите делови на општина Ѓорче Петров. Со поддршка на Владата се решаваат децениски проблеми, нагласи Стојкоски.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

1️⃣8️⃣ 0️⃣0️⃣0️⃣ 0️⃣0️⃣0️⃣ ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЦА 1 СО ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА

Денес заедно со зам. мин. за животна средина…

Posted by Александар Стојкоски on Tuesday, October 7, 2025

Најнови вести од Македонија

To top