По 15.300 денари за секој студент до 29 години без разлика дали е запишан на приватен или државен факултет, редовен или вондреден, е предлог новото законско решение кое владејачката партија го поднесе во македонското собрание.
Но, во собраниска процедура ќе влезат и измените на законот за регистрација на возила, со кои како што велат од ВМРО-ДПМНЕ значително ќе ги олесни процедурите при регистрација на возилата.
За овие работи поразговаравме со пратеникот Бојан Стојаноски кој е еден од предлагачите на овие законски решенија.
Стојаноски детално објаснува што точно содржи во новото законски решение за набавка на електронски уреди за студенти до 29 години, како за предлог законското решение за регистрација на возилата.