Македонија локални избори 2025

Стефковски: Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево

Инвестираме во младите, инвестираме во иднината на нашата општина. Не ветуваме туку, градиме и реализираме. Јас сум твојот човек, во општината, додаде Стефковски.

Стефковски: Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Гази Баба објави видео во кое го најавува проектот за ново училиште.

Образованието е темелот на силна и успешна иднина, затоа градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево. Нашите деца веќе добија современи спортски сали во Стајковци и Булачани, простории каде растат здрави и успешни генерации. Но тука не застануваме, во следните четири години ќе изградиме нови спортски сали во Железара, Ченто и Страчинци, потенцира Стефковски.

Инвестираме во младите, инвестираме во иднината на нашата општина. Не ветуваме туку, градиме и реализираме. Јас сум твојот човек, во општината, додаде Стефковски.

To top