Колумна на Милан Стефаноски
СДСМ се мрази себе си до пладне, а после пладне сите.
Сериозно треба да размислиме како колективно да им помогнеме на СДСМ. Дали тоа ќе биде по пат на граѓански петиции, иницијативи , бесплатни советодавни и психолошки сесии или други модалитети на помош е прашање на избор и одлука.
СДСМ, државотворната партија е и официјално киднапирана и во заложништво на една расипничка и криминална секта од Струмица. Извршител на таа секта, подизведувач на нивните криминални интереси е нивниот пријател по мотори и журки Венко Филипче.
Октроиран од место министер за здравство каде што се прослави со горење на живи луѓе кои лежеа болни од Ковид и секако со шемата вакцини за пари.
Тој Филипче денес мрази негови поранешни колеги, медиуми и новинари.
Сите му се криви што лично тој ја сведе партијата од трета до петта политичка сила., па денес СДСМ мрази се до пладне, а после пладне сите до еден.
Криво му е ВМРО ДПМНЕ што изгуби историски и катастрофално. Чиниш ВМРО ДПМНЕ ги исклучи Петре и Јован. Лично Венко ги избираше телата, а не ВМРО ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ ниту има мотив ниту пак потреба да го руши СДСМ преку разни ликови од проста причина што народот го сруши СДСМ, а и самиот СДСМ се сруши сам. Има една поговорка, Не вади нож на мртва кокошка.
Моќта на ВМРО ДПМНЕ добиена од народот е толку силна, што во моментов во овој политички спектар, СДСМ е ирелевантна. ВМРО ДПМНЕ направи потег на подадена рака и ја повика СДСМ на лидерска средба.
Најнеразбирливо е како СДСМ влезе во војна со влијателни медиуми и новинари во војна. ТВ Алфа им е крива, а не оние 570 000 гласови што ги срушија. Крива е Алфа која пулсира со народот, а не Венко кој се сунчаше на јахта во Дубаи со Харис Џиновиќ
Очајот е до толку поголем што таму засега има два компромитирани ликови. Мали и „големи“ Фрчко. Едниот прославен со убави воспитни по студенти и женскиот пол, другиот со психотропни супстанци. Едниот купуваше слики со коњи за фоајето на МВР и Реј бан очила, другиот е прославен што не знае основи на право и политика, па го обвини ВМРО ДПМНЕ за влијание на српскиот свет во контекст на суспендирањето на економските визи од САД, а Србија воопшто не беше на списокот од тие 75 земји. Страшно и Жално. Какво незнаење. Тоа е базенот на новите луѓе на СДСМ.
Слушајќи ги нив, Венко го обвини стратешкиот договор со Биританија за антиевропски. Да плачеш или да се смееш?
Сума сумарум, на СДСМ му треба без иронија помош да се ослободи од киднаперите кои одложија два три пати конгрес. На Македонија и треба СДСМ. Онаа која гаеше партерства со медиумите и новинарите, со бизнисмените и НВО секторот. Секако, онаа СДСМ што знае што е геополитика, улогата на Британија во светот итн.
А, и за крај. Алфа ТВ не е крива што ја зборува вистината и што таа вистина во најголем дел пулсира со народот. Тоа им е обврска. Одлична работа вршат. Поддршка!!!
Па затоа или си Алфа и Омега во просторот или си Аналфабета.
СДСМ одбра да се аналфабети.