Македонија МНР

Средба на Муцунски со шефот на дипломатијата на ОАЕ: Потврдени добрите билатерални односи и конструктивната соработка помеѓу двете земји

Муцунски, во име на Владата, потпиша два меморандуми за разбирање – за економска соработка и за соработка помеѓу дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи.

Средба на Муцунски со шефот на дипломатијата на ОАЕ: Потврдени добрите билатерални односи и конструктивната соработка помеѓу двете земји

Во рамки на официјалната посета на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од владината делегација, вчера оствари средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на ОАЕ, Н.В. шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.

На средбата беа потврдени добрите билатерални односи и конструктивната соработка помеѓу двете земји, при што беше истакната заемната заложба за нивно понатамошно продлабочување. Акцент беше ставен на потребата од интензивирање на меѓусебниот политички дијалог, како и на унапредувањето на економската и трговската соработка.

Во таа насока, министерот Муцунски, во име на Владата, потпиша два меморандуми за разбирање – за економска соработка и за соработка помеѓу дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи.

На средбата беше нагласена и важноста од интензивирање на контактите меѓу бизнис-заедниците и стопанските комори на двете земји, со цел поголема економска поврзаност и реализација на нови инвестиции. Покрај билатералните односи, соговорниците разменија мислења и за актуелните геополитички случувања во светот.

Најнови вести од Македонија

To top