Македонија Социјалистичка партија на Македонија

СПМ: СДСМ со Заев и Ковачевски со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба

„Социјалистичката партија на Македонија како национално и државнички определена партија и натаму принципиелно ќе се залага и ќе се бори за јанење на Македонските интереси и идентитетски обележја кои ги признава огромниот број држави во светот членки на ООН“ – велат од СПМ.

СПМ: СДСМ со Заев и Ковачевски со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба

Социјалистичката партија на Македонија укажува на огромните последици што ги предизвикаа владите на СДС на чело со Заев и Ковачевски со уценувачките и предавнички договори и протоколи со соседите. Со катастрофалните политики тие ја подредија државата и ги продадоа името, јазикот и Македонските идентитетски обележја за лични интереси, велат од СПМ.

-Уцените и заканите што доаѓаат од првите луѓе на јужниот и источниот сосед на Македонија се срамните последици што ги трпат граѓаните и државата на својот европски пат од нејзини изроди и предавници. Македонскиот народ на изборите со право ги казни овие предавници и нивните медиумски слуги кои се трудат да ги одбранат од срамот и навредите што им ги приредија на граѓаните. Промените се случија и победничката Коалиција „Твоја Македонија“ охрабрена од народната воља ќе стори се што е можно за да ги отстрани штетните последици кои се долгорочни, се наведува во партиското соопштение.

To top