Македонија Ковачки открива

Спасовски пред избори потпиша договор за изнајмување принтери тежок 900.000 евра

Скоро 900.000 евра за изнајмување на принтери!
За тие пари министерот можел да купи 3000 принтери.

Спасовски пред избори потпиша договор за изнајмување принтери тежок 900.000 евра

Додека чекаме одговор од Пендаровски и Ковачевски за скандалот во МО со балансерот на кој му кумувала Славјанка Петровска, погледнете како министерот за внатрешни, на крај на мандат, на веќе договорен датум за избори, склучува договор на 3 (три) години за изнајмување на принтери, открива денеска пратеникот Драган Ковачки.

Скоро 900.000 евра за изнајмување на принтери!
За тие пари министерот можел да купи 3000 принтери. (!)
Практично, на секои 3 вработени би имало по еден принтер и истите би биле во сопственост на МВР.
Вака, скоро милион евра ќе отидат во ветер, затоа што тие принтери после користењето фирмата си ги зема назад.
Домаќински, нема што. Или провизија е во прашање?, прашува тој, споделувајќи го договорот.

To top