Македонија Меѓуресорска координација

Состанок во МНР: Во фокусот техничките аспекти за враќање на пациентите кои успешно ја завршиле фазата на болничко лекување

Во фокусот на состанокот беа практичките и техничките аспекти поврзани со враќањето на пациентите кои успешно ја завршиле фазата на болничко лекување, како и на нивните семејства, со цел процесот да биде реализиран навремено и координирано.

Состанок во МНР: Во фокусот техничките аспекти за враќање на пациентите кои успешно ја завршиле фазата на болничко лекување

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска се одржа состанок со претставници од Министерството за здравство, Службата за општи и заеднички работи на Владата и Кабинетот на Претседателот на Владата, со цел координација и организација на процесот на репатријација на македонските пациенти кои се на лекување во странство, по трагедијата во Кочани.

На состанокот присуствуваа министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за здравство, Арбен Таравари, директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство како и претставници на сите надлежни институции.

-Во фокусот на состанокот беа практичките и техничките аспекти поврзани со враќањето на пациентите кои успешно ја завршиле фазата на болничко лекување, како и на нивните семејства, со цел процесот да биде реализиран навремено и координирано, соопштуваат од Министерството.

Меѓуресорската координација ќе продолжи и во наредниот период, при што внимателно ќе се следи состојбата на пациентите, а институциите, како и досега, ќе постапуваат усогласено и одговорно.

Јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни активности.

Најнови вести од Македонија

To top