Македонија лиценцата истекувала за 8 дена

Сопствениците се менувале, а приведениот постојано бил дел од структурата

Според извори во истрагата, во дискотеката „Пулс“ во Кочани се менувале сопствениците, но приведениот актуелен сопственик, цело време бил во сопственичката структура. На терен веќе течат истражни дејства за околностите во кои се случил пожарот. 

Сопствениците се менувале, а приведениот постојано бил дел од структурата

До 24 март важела лиценцата на приватната дискотека во Кочани, во која рано утрото искри од употребени пиротехнички средства – т.н. прскалки, го зафатиле таванот кој бил од лесно запалив материјал при што од попжарот, димот и стампедото кое настанало загинаа 51 младо лице и предизвика повреди кај уште 118 лица.

Според извори во истрагата, во дискотеката „Пулс“ во Кочани се менувале сопствениците, но приведениот актуелен сопственик, цело време бил во сопственичката структура. На терен веќе течат истражни дејства за околностите во кои се случил пожарот.

Од Обвинителството соопштија дека државниот Јавен обвинител формирал обвинителски тим кој ќе раководи со истражните дејствија во Кочани, во кој се вклучени петмина обвинители од Кочани, Штип и Скопје. Тие заедно со останатите надлежни служби веќе работата на терен.

Најнови вести од Македонија

To top