Македонија возете внимателно!

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ информираат за времена измена на сообраќајот на експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од 17.03.2025 г. до 04.04.2025 г., поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница.

На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 г., поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот. Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.

Најнови вести од Македонија

To top