Законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која започна на 15.11.2023 година, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15.03.2024 година.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.