Македонија возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15.03.2024 година.

Времениот режим на патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, кој е затворен за сообраќај за сите видови на возила, ќе трае се до 01.04.2024 година. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

To top