Македонија максимална температура до 28 степени

Сончево и топло време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Сончево и топло време со мала до умерена облачност

На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 27 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со појава на мала до умерена облачност.

Најнови вести од Македонија

To top