Македонија максималнa температура до 29 степени

Сончево и топло време, од утре дожд

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температура ќе бидат во интервал од 4 до 12, а максималните ќе достигнат од 23 до 29 степени.

Сончево и топло време, од утре дожд

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 8, а максималните ќе достигнат 28 степени.

Продолжува периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во вторник претпладне ќе има зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд и благ пад на дневните температури.

To top