Македонија максимална температура до 17 степени

Сончево и релативно топло со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Сончево и релативно топло со умерена облачност

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 17 степени.

За време на викендот и во понеделник, соопштија од УХМР, ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Најнови вести од Македонија

To top