Македонија Македонија пат

Слаби врнежи од снег на Попова Шапка, сите патни правци проодни

На одредени патни правци што поминуваат низ клисури и усеци, можна е појава на поситни одрони.

Слаби врнежи од снег на Попова Шапка, сите патни правци проодни

Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

На одредени патни правци што поминуваат низ клисури и усеци, можна е појава на поситни одрони.

Претпријатието апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен со 172 специјални возила за одржување на патишта и ги одржуваат сите патни правци проодни.  (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top