Македонија не се дише

СКОПЈЕ ВО ТОП 10 НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ УТРОВО – Македонија во друштво на Пакистан, Бангладеш и Индија (ФОТО)

Така, според интернет – страницата iqair.com македонската меторопола утрово после 8 часот е на девето место во светот според присутноста на опасните честички во воздухот.

СКОПЈЕ ВО ТОП 10 НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ УТРОВО – Македонија во друштво на Пакистан, Бангладеш и Индија (ФОТО)

Воздухот во Скопје утрово е пак прекумерно загаден и нездрав за дишење. Ова го покажува најпознатата интернет страница која го мери загадувањето на воздухот во светските метрополи.

Така, според интернет – страницата iqair.com македонската меторопола утрово после 8 часот е на девето место во светот според присутноста на опасните честички во воздухот.

Индексот на загадувањето е 165, а најприсутни се опасните честички ПМ2,5 со концентрација 82,1 микрограм на кубен метар воздух.

-Воздухот е нездрав за дишење. Се препорачува носење на заштитни маски, да не се вежба надвор, а прозорците по домовите да се држат затворени, препорака е која што може да се прочита на оваа веб-страница.

Метрополата со осмото место и синоќа беше меѓу 10 најзагадени градови во светот, а најлошо беше во населбата Лисиче со концентрација од 233 микрограми на штетните честички во воздухот.

To top