Претседател на една спортска федерација е фатен во предизборен поткуп, дознава КУРИР.
Неговиот идентитет е познат на нашата редакција, но засега истиот нема да го објавиме.
Претседателот на Федерација е оосомничен за делење на поткуп во Кичево, во корист на партија на власт.
Настанот е пријавен во полиција и во моментот се работи на случајот, дознава КУРИР.
-Денеска (07.05.2024) во 15:10 часот на телефонскиот број 192 добиена е анонимна пријава дека на ул.Раштански пат , ул.Партизански одреди и Влашки пат во Кичево од страна на непознати лица со возила “мерцедес”, “опел мерива” и “ауди” се нуди поткуп од политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за Курир.