Македонија

Силјановска на анкетите има двојно поголема поддршка од Пендаровски и во ИЕ 2 и ИЕ 6

Силјановска на анкетите има двојно поголема поддршка од Пендаровски и во ИЕ 2 и ИЕ 6

Претседателската трка почнува да ги кристализира рејтинзите на кандидатите кои веќе се познати.

Гордана Силјановска Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, со двојно поголема поддршка од претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски, велат резултатите од последната анкета на ИПИС презентирана во емисијата Објектив на МРТ.

Според анкетата спроведена во февруари на прашањето “За кого ќе гласате на претстојните претседателски избори?“ во втората изборна единица Силјановска има 21% поддршка од граѓаните, Пендаровски има 12,4%, Османи 6,9%, Максим Димитриевски 6,6%, Арбен Таравари 5,2%, Ванковска со 4,5%, Стевчо Јакимовски 1,1%, а 9,6% анкетирани рекле дека не поддржуваат ниту еден, 16% нема одговор, а 15,9% не сакаат да кажат.

Screenshot
Screenshot

Во шестата изборна единица во февруари најголема поддршка испитаниците даваат за Османи со 21,4% рејтинг, но веднаш зад него е Таравари со 20,8%.

Потоа следи Гордана со 9,2%, Пендаровски со 5,1%, Димитриевски 1,2%, а 14,8% одговориле дека не би поддржале ниту еден кандидат за претседател, 10,1% немале одговор, а 15,8% не сакале да кажат.

Screenshot
Screenshot
To top