-Споменатите 743 милиони денари се насочени кон капитални инвестиции и во 2024 година ќе изнесуваат 352 милиони денари. Ако на ова додадеме уште 47 милиони денари од надворешни донатори износот се зголемува на рекордни 399 милиони денари или 53 отсто од буџетот ќе се наменат за инвестиции и развој, рече Јорданов.
Тој ги презентираше и капиталните проекти за Штип, меѓу кои уредување на коритото на река Отиња, поврзување со велосипедска патека со центарот на градот, летна сцена, памп патека и нов парк. Јорданов посочи дека ќе има доволно средства за реконструкција на сите улици во Ново Село, а на листата приоритети се капитални инвестиции за Штип.
-Општина Штип наредната 2024 година ќе има доволно средства за реконструкција на булеварот „Партизанска“, реконструкција на водоводната и канализациска мрежа, изградба на спортска сала Џексон, реконструкција на крстосницата кај „Бриони“, ќе ги завршиме конзолите по течението на река Отиња и ќе создадеме зголемен број на паркинг места, додава Јорданов.
Во своето обраќање истакна дека со буџетот за 2024 година се пишува историја во Штип, односно средства има наменети за најразлични инвестиции од сите области со цел подобрување на условите за живот на сите граѓани.