Ценкањето е лоша навика, велат старите. Лоша, ама една од навиките која најтешко се менува. Како и коцкањето. Сега била – „Мања-веча“ = домашен притвор-Шутка никако.
Така, поранешниот прв вицепремиер на Димитар Ковачевски, Артан Груби, осомничен во предметот „Државна лотарија“ за проневера на милиони евра е подготвен да се врати во Македонија од Косово само доколку мерката притвор му биде заменета со поблага мерка како што е одземање на патната исправа.
Ова, неговиот адвокат Владимир Доневски, вчера во Кривичниот суд му го предочил на судијата на претходна постапка, објави порталот Република.
Одлуката на судијата за Груби се очекува денеска. Инаку Доневски е познат во јавноста како поранешен застапник на поранешниот владин генсек Драги Рашковски.
Плусинфо ја контактирале и адвокатската канцеларија на Доневски, но оттаму не добивле одговор.
Инаку, на четворица од осомничените во случајот „Лотарија“ им се одземени пасошите.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост против четири лица кои се опфатени со истрагата поврзана со ‘Државна лотарија на РСМ’, за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 од КЗ, а кои во текот на ноќта беа сослушани во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ЈО и на сите 4 лица им определи мерки согласно чл. 146 ст.1 т. 2 и т.3 односно Одземање на патна исправа и Обврска за повремено јавување на службено лице во судот“, информираат од Кривичниот суд.
Вчера, за потсетување, преку објава на Фејсбук, екс-функционерот на ДУИ побара од јавноста да не изнесуваат шпекулации.
-Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување. Веднаш штом ги завршам обврските, ќе се вратам дома кај моето семејство, стои во објавата на Груби.
За уште едно потсетување, во време на објавата или „Тогаш“, се’ уште не беше покрената кривичната за Лотарија, туку „само“ за местенката со Беџети и Мијалков во судот за која Артан се најде на Црната листа на САД.
Во меѓувреме, и Ахмети пристигна на Косово. И тој ли е во „приватна“ посета?!