Македонија

Шилегов со поезија удри по Заев, Филипче и Зечевиќ: СДСМ е заробена партија управувана од „октроирани лидери“

Приврзаниците на Заев и Филипче коментираат дека останува да се види кој е интересот на Шилегов и какви ќе бидат неговите следни чекори во СДСМ.

Шилегов со поезија удри по Заев, Филипче и Зечевиќ: СДСМ е заробена партија управувана од „октроирани лидери“

Во доцните часови, поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, предизвика внимание со објава на Фејсбук, во која остро го критикуваше сегашното раководство на СДСМ, посочувајќи го дуото Заев-Филипче.

Според него, партијата е „заробена“ уште од 2019 година и управувана од „октроирани лидери“ со интереси кои не се поврзани со членството, туку со лични алијанси.

„Ај да не се лажеме! СДСМ е заробена партија. Уште од 2019 година. Со двајца октроирани лидери од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши“, напиша Шилегов, сугерирајќи дека сегашната структура на партијата служи на тесни интересни групи.

Понатаму порача: „Март е пролет,  пролет е СДСМ“.

Неколку часа пред оваа објава, тој се огласи со „есенска поезија“ која испраќа јасна порака до одредени негови сопартијци.

„Есен е тешко време. Се скратува денот. Краток е. Во темница ништо не е видливо !
На проелет, во март, ќе расцветаат цветови. Јагленот нит е за за зајци, нит е за зечеви …
Кај се најдовте, кај не запустивте“ – напиша тој.

Ваквите напади, според експертите, се сметаат за позиционирање пред новата преструктурираност на партијата, која се соочува со историски ниска поддршка.

Приврзаниците на Заев и Филипче коментираат дека останува да се види кој е интересот на Шилегов и какви ќе бидат неговите следни чекори во СДСМ.

To top