Поранешниот градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ и истакнат член на партијата, Петре Шилегов заедно со група членови на партијата испорачаа барање до Венко Филипче и актуелното раководство на партијата.
Во гостувањето на Телма телевизија, Шилегов истакна дека согласно статусот на партија претседателот е тој кој го има конечниот збор или изборот на кандидатите за градоначалници, па да барате одговорност од сите, односно, сите да се криви за дебаклот на локалните избори, а само претседателот и највисокото раководство да не се.
На прашањето, „што баравте од Филипче, каков вид на промени, места во претседателството“, Шилегов јасно одговара:
„Не, не. Лично заминување зошто согласно статутот претседателот на партијата е тој којшто го дава конечниот збор или изборот на кандидатите за градоначалници. Не можете вие да барате одговорност од сите околу себе што патем кажано и ја немаше се изврши некое шминкање на Извршниот одбор, не можете да барате одговорност од сите околу себе, а вие сте тој што сте ги номинирале луѓето што го доживеале тој изборен дебакл и сте ги креирале политиките коишто јавноста не ги препознава. И сега граѓаните се криви, кандидатите за градоначалници се криви, не знам кој се е крив ама највисокото раководство тие неколку луѓе не се никако криви. Тоа за мене е неприфатлив стандард во политиката“, рече, меѓу другото, Шилегов.