Македонија Активна улога на меѓународната сцена

Шамбевски за дипломатската офанзива: Пристапот на Мицкоски е гаранција дека Македонија ќе изгради цврсти пријателства и сојузи 

Во изјава за КУРИР тој оценува дека Македонија конечно зазема активна улога на меѓународната сцена, наместо да биде пасивен набљудувач. Според него, Македонија станува фактор во меѓународните односи.

Шамбевски за дипломатската офанзива: Пристапот на Мицкоски е гаранција дека Македонија ќе изгради цврсти пријателства и сојузи 

Пристапот на премиерот Христијан Мицкоски кој со владина делегација е во дипломатска офанзива, е гаранција дека Македонија ќе изгради цврсти пријателства и сојузи, оценува поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски во изјава за КУРИР.

По низа посети и официјални средби во Минхен, Вашингтон, Истанбул, Будимпешта, македонската јавност е сведок на сосема поинаква улога од онаа која досега ја имаше Македонија со минатата влада – како пасивен набљудувач на меѓународната политичка сцена.

Шамбевски позитивно ја оценува целокупната меѓународна активност на нашата Влада.

-Интензивната македонска „дипломатска офанзива“ претставува нормална активност на секоја една Влада која се грижи за угледот на државата и добробита на своите граѓани, е сега проблемот е што ние како земја не сме навикнати на ваков проактивен однос на нашите политичари па ни изгледа чудно и интензивно. Можам само да ги поздравам и охрабрам напорите на премиерот на меѓународна сцена, бидејќи токму таквиот пристап е гаранција дека Македонија ќе изгради цврсти пријателства и сојузи кои ќе ни гарантираат многу подостоинствен, но и попродуктивен однос со клучните светски чинители во остварување на нашите стратешки цели. Искрено задоволен сум од целокупната меѓународна активност на нашата Влада, вели Шамбевски за КУРИР.

Во изјава за КУРИР тој оценува дека Македонија конечно зазема активна улога на меѓународната сцена, наместо да биде пасивен набљудувач. Според него, Македонија станува фактор во меѓународните односи.

„Оваа дипломатска офанзива значи дека Македонија конечно зазема активна улога на меѓународната сцена, наместо да биде пасивен набљудувач. Со ваков пристап, земјата гради цврсти сојузништва со нашите стратешки партнери што ѝ дава поголема политичка тежина и кредибилитет. Посетите и средбите ја зацврстуваат пред се нашата позиција во билатералните но и во мултилатералните меѓународни односи, а секако отвораат нови можности за економски раст и ја подобруваат регионалната стабилност на Западен Балкан. Со ова, Македонија станува фактор во меѓународните односи, или барем не е само земја што чека туѓи одлуки туку земја што инсистира да биде и иницијативна и слушната. Тоа апсолутно е голема придобивка за македонските граѓани.

Најнови вести од Македонија

To top