Сексуално образование во училиштата ќе има, но не како посебен предмет, туку ќе се изучува тематски по предметите биологија или граѓанско.
Учениците од седмо, осмо и деветто одделение ќе учат за репродуктивното здравје, сексуално преносливи болести, родово базирано насилство и други теми со кои младите ќе се стекнат со знаење кое е соодветно на нивната возраст.
Министерката Јаневска за Сител вели она што веќе се имплементира ќе продолжи и понатаму, но нема да се воведуваат нови содржини.
Бирото за развој е задолжено да прецизира колку часови и како ќе се предава овој материјал.
Темите ќе се обработуваат од септември во овие одделенија. Инаку пилот проектот за сеопфатно сексуално образование што требаше да прерасне во изборен предмет за сите ученици од осмо и деветто одделение се уште се спроведува како вон наставна активност во две училишта во Скопје и едно во Тетово.
Бирото прави анализи за тоа какви се ефектите и што може од ова да се имплементира во наставните програми во иднина иако министерката е децидна дека посебен предмет за сексуално образование нема да има.