Македонија

Седми состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства меѓу Македонија и Хрватска

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) денеска ќе биде одржан Седмиот состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства помеѓу Република Македонија и Република Хрватска.

Со состанокот ќе ко-претседаваат заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, и државниот секретар во Средишниот државен уред за Хрватите надвор од Република Хрватска, Звонко Милас.

Меѓувладината мешовита комисија е формирана согласно „Спогодбата за заштита на правата на македонското малцинство во Република Хрватска и хрватското малцинство во Република Македонија“, потпишана во Сплит во 2007 година, и претставува клучен билатерален механизам за унапредување на малцинските права и јакнење на европските демократски стандарди.

На состанокот ќе се разгледуваат прашања поврзани со состојбата и унапредувањето на правата на националните малцинства во двете држави, со посебен акцент на образованието, културата, информирањето, институционалната поддршка и имплементацијата на претходните препораки на Комисијата, соопшти МНРиНТ.

Пред почетокот на состанокот, во 11:00 часот, предвидени се изјави за медиумите, кои ќе ги дадат ко-претседавачите на Комисијата.

Најнови вести од Македонија

To top