Македонија

Се транспортираат двајца пациенти од „Св. Климент Охридски“ во Србија (ВИДЕО)

Медицинарите кои чекаа со двете возила на итна медицинска помош од Србија за МИА кажаа дека тие се носат во Воената болница во Ниш. Како што посочија, и други возила доаѓаат од Србија за помош.

Се транспортираат двајца пациенти од „Св. Климент Охридски“ во Србија (ВИДЕО)

Уште двајца пациенти кои се хоспитализирани во Клиниката по хируршки болести „Св. Климент Охридски“ се транспортираат со возила Министерството за одбрана на Република Србија.

Медицинарите кои чекаа со двете возила на итна медицинска помош од Србија за МИА кажаа дека тие се носат во Воената болница во Ниш. Како што посочија, и други возила доаѓаат од Србија за помош.

Претходно, и двајца други пациенти беа транспортирани со возила на приватната болница „Жан Митрев. Нема официјални информации дали повредените се носат во Клиниката „Жан Митрев“. Според информации од семејствата на повредените, им биле побарани пасоши од повредените.

Најнови вести од Македонија

To top