Македонија Собрание

СДСМ од „ајро ајро“ и 7 години неуспешни обиди за почист воздух, денес организира протест пред Цементарница Усје

Денеска токму во 18:00 часот имаме еден протест кај Цементара Усје за сето она коешто ни се случува за оној отровен воздух којшто го живееме“, порача Лукаревска.

СДСМ од „ајро ајро“ и 7 години неуспешни обиди за почист воздух, денес организира протест пред Цементарница Усје

СДСМ и тогашниот премиер Заев кој на митинзи ветуваа „ајро ајро“, денес се сведоа на протест пред Цементарница Усје. На денешната собраниска седница пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска најави дека протестот пред Цементарница Усје е во организација на нејзината партија.

„Денеска токму во 18:00 часот имаме еден протест кај Цементара Усје за сето она коешто ни се случува за оној отровен воздух којшто го живееме“, порача Лукаревска.

Откако за 7 години не успеаја да го намалат загадувањето на воздухот, денес ќе организираат протести. Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа почист воздух и почиста животна средина, и имаа можност да преземат мерки во однос на загадувањето на воздухот, но во пракса не преземаа соодветни мерки, туку се сеќаваме дека и тогашни претставници на МЖСПП протестираа против загаден воздух.

За разлика од СДСМ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ најави дека прашањата кои се поврзани со квалитетот на воздухот ќе ги решава со вклученост на вистински стручњаци.
Од партијата истакнаа дека следува имплементација на мерки и проекти за ефикасно справување со загадениот воздух. Прашањата поврзани со квалитетот на воздухот ќе се решаваат со систематски поставен План за управување со квалитетот на воздухот, со цел подобрување на животна средина и квалитетот на воздухот.

Најнови вести од Македонија

To top