Македонија никој, никогаш не се ставил над партијата

СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од Филипче, никој од нив никогаш не се ставил над партијата – со една одлука не можеш, ниту ќе дозволам да избришеш 30 години работа, љубов и жртва!

СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од актуелниот претседател, никој од нив никогаш не се ставил над партијата, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук поранешниот директор на ТИРЗ и кандидат за претседател на СДСМ Јован Деспотовски откако претходно СДСМ најави негово исклучување од партијата.

-Искрено, после 30 години политички стаж најмалку очекував токму мојата матична партија да ме остави целосно без зборови и коментар.

Во сите јавни настапи сум бил максимално умерен дури и во ситуации и за луѓе кои апсолутно заслужиле остар став. Ако таа умереност сега станува закана за актуелниот партиски врв тогаш СДСМ има многу поголем проблем отколку што и мислиме.

СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од актуелниот претседател. И, никој од нив никогаш не се ставил над партијата, над нашето семејство. Тоа не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде.

Една лична порака за крај или за почеток – Венко, со една одлука не можеш, ниту ќе дозволам да избришеш 30 години работа, љубов и жртва, пишува во својата реакција Деспотовски.

Најнови вести од Македонија

To top