Македонија НСДП ГО АНЕКСИРА СДСМ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

СДСМ дигна раце од Општина Ѓорче Петров? Новата координаторка во Советот е Маја Стојкоска од НСДП

СДСМ со последниот, денешен потег, јавно и јасно презентира дека буквално кажано „дига раце“ од општината. Потврда за кажаното е смената на челното место за нив во Советот на општината и назначувањето на новата координаторка Маја Стојкоска, која доаѓа од редовите на коалиционерот НСДП и ја менува досегашната координаторка од СДСМ.

СДСМ дигна раце од Општина Ѓорче Петров? Новата координаторка во Советот е Маја Стојкоска од НСДП

Соочени со фактот дека во Општина Ѓорче Петров се на ниво на историски најкатастрофална поддршка од Ѓорчевци, СДСМ со последниот, денешен потег, јавно и јасно презентира дека буквално кажано „дигнаа раце“ од општината.

Потврда за кажаното е смената на челното место за нив во Советот на општината и денешното назначувањето на новата координаторка Маја Стојкоска, која доаѓа од редовите на коалиционерот НСДП. Според информациите на терен, СДСМ го следи државниот тренд и е во слободен пад и во Ѓорче Петров. Познавачите на состојбите на терен, актот во Советот на општината го толкуваат како напуштање на партискиот брод кој очигледно, пред очите на жителите  тоне се подлабоко и подлабоко. Уште поаларамантно за врхушката на СДСМ во општината е што ова се случува на една година пред локалните избори, факт кој јасно го прејудицира нивното сознание и очекувања од резултатите на нив.

Инаку, во Советот на општината, коалицијата на СДСМ има вкупно 7 советници, а досегашен координатор или прв човек во Советот беше Снежана Јовановска од партијата од Бихаќка.

Низ кулоарите се зборува дека во Ѓорче Петров се случува ретко виден и поразителен процес за социјалдемократите, односно феномен во кој помалиот коалиционер НСДП (партија која произлезе токму од СДСМ) сега го анексира до вчера поголемиот партнер.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top