Македонија луцидни сдс феномени

СДС парадоксот на „ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ“: Доминантниот, кој сигурно победува не сака, оној кој се моли да ги нема „навива“ за истите?

Логиката, макар била индолентна, е едноставна, Венко и пи-ар менторот Фрчковски сметаат дека со наметнувањето на непостоечка тема наречена предвремени избори ќе ги спречат истите, кои за нив би значеле нов дебакл и нечие збогување со фотелјата.

А, знаат и врапчињата, не било исто да се браниш  од кривични пријави, рекети и криминал како обичен есдесовец и како претседател на партија, макар била и во распаѓање…

СДС парадоксот на „ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ“: Доминантниот, кој сигурно победува не сака, оној кој се моли да ги нема „навива“ за истите?

Во Македонија сме повторно сведоци на еден урнебесен СДС феномен, овојпат на темата „предвремени избори“. Имено, во десетици наврати, оној кој е сигурен и доминантен победник на истите, доколку ги има, негира и наведува дузина аргументи зошто тоа нема да се случи, а истовремено, оној кој знае дека доколку тоа се оствари „под хитно“ ќе лета од лидерската позиција, постојано „ко слеп за стап“ вњргла ко расипана плоча и нон-стоп, 24/7 тврди ли тврди дека ќе ги има?

Првиот е Мицкоски, а вториот Филипче, лузер со веќе една тапија, кој ако добие и втора, не ќе може ни стопанот Заев да го спаси. Следен лидер да ти бил Јон Шмрчко, велат извори во СДС.

И денеска, во интервју за РСЕ преполно со плачки, лажни веста и преколнувања, Филипче смета дека власта нема да го издржи целиот мандат и е убеден дека ќе има предвремени парламентарни избори.

„Мислам дека сигурно ќе има предвремени избори согласно кризата која што не очекува, која што оваа власт практично ја генерираше. Дали ќе бидат на крај на оваа година, следната ќе видиме, но до 2028 нема да може да издржи вака“, кажа намуртениот Филипче, кому во очи му се читаше уплавот од зборот „предвремени избори“.

И по којзнае кој пат, Мицкоски ја отфрли можноста за предвремени избори и рече дека од сегашен аспект нема таква намера.

Логиката, макар била индолентна, е едноставна, Венко и пи-ар менторот Фрчковски сметаат дека со наметнувањето на непостоечка тема наречена предвремени избори ќе ги спречат истите, кои за нив би значеле нов дебакл и нечие збогување со фотелјата.

А, знаат и врапчињата, не било исто да се браниш  од кривични пријави, рекети и криминал како обичен есдесовец и како претседател на партија, макар била и во распаѓање.

Затоа, ќе је верглаат темата како расипани 33-ки плочи ставени на 45-ка, а во себе ќе се молат да нема абер од предвремени избори. Инфантилно или не, но кривичните не гинат, вреди да се проба…

Најнови вести од Македонија

To top