Македонија од рубриката „низ времето“'

СДС ко ланскиот снег: Прес-конференцијата на Кузеска со информации од „завчера“

„Нема правда за Кочани, власта не е испорачува никаква правда туку заштита за своите. Тоа го видовме. Тоа не е правда, тоа е неправда“, изјави портпаролката Кузеска, кај која нова беше само фризурата, но не и информациите кои како да се од рубриката „Низ времето“. Индикативно, дури и маичката под сакото наликуваше идентично како онаа носена на прес-конференцијата од завчера кога обвини за имагинарни партиски вработувања во РЕК Осломеј. Ве тера да се запрашате, мрзеливите опозиционери да не ја снимиле и денешната на 8-ми јуни (само смениле сако и позадина), што од друга страна би ги оправдало денешните ветви/неапдејтувани информации околу наводната селективност и „заштита на своите“? Или, тоа и е омилената маичка за прес-конференции…

СДС ко ланскиот снег: Прес-конференцијата на Кузеска со информации од „завчера“

Во ден кога се обзнани 30-дневен притвор за Александар Нацев, универзитетски професор близок до ВМРО-ДПМНЕ и поранешен функционер од времето на Груевски, школски пример за неселективност со кој власта јасно покажа дека не важи „како до сега“ и дека веќе не постојат двојни аршини во Македонија, СДСМ во стилот на Монти Пајтон излезе со прес-конференција која како да е напишана завчера и обвини за селективност во истрагата за Кочани. Прес „нов“ како ланскиот снег, вели народот.

„Нема правда за Кочани, власта не е испорачува никаква правда туку заштита за своите. Тоа го видовме. Тоа не е правда, тоа е неправда“, изјави портпаролката Кузеска, кај која нова беше само фризурата, но не и информациите кои како да се од рубриката „Низ времето“. Индикативно, дури и маичката под сакото наликуваше идентично како онаа носена на прес-конференцијата од завчера кога обвини за имагинарни партиски вработувања во РЕК Осломеј. Ве тера да се запрашате, мрзеливите опозиционери да не ја снимиле и денешната на 8-ми јуни (само сменила сако), што од друга страна би ги оправдало денешните ветви/неапдејтувани информации околу наводната селективност и „заштита на своите“? Или, тоа и е омилената маичка на портпаролката на СДС за прес-конференции…

За потсетување, во контекст на „селективноста“ – во притвор и осомничен е и довчерашниот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и актуелен министер од владата.

На што се должи овој СДСМ рето-инфо феномен, во време кога нивниот лидер Филипче во антизападна офанзива го обвинува Брисел дека прави лажни анкети во кои Македонија е 4-та економија во Европа и зборува за сомнителни пари од Британија, а портпаролката прави прес-конференции со информации од завчера?

 

Најнови вести од Македонија

To top