Македонија Кичево

Сајкоски: Треба да ги казниме за лажните ветувања, треба да ги казниме за криминалот и корупцијата

Сајкоски порача: „И треба да донесеме на Македонија нова надеж и посветла иднина“.

Сајкоски: Треба да ги казниме за лажните ветувања, треба да ги казниме за криминалот и корупцијата

Вчера граѓаните на Македонија покажаа храброст, мудрост, единство и сила и покажаа дека Македонија се движи во вистинска насока. Македонија ќе добие нов претседател и Македонија за многу брзо ќе има нова влада, вели Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.

-Денеска сме во Кичево во рамки на ТИРЗ зоната за да укажам на една од лажните ветувања на оваа власт во која што учествуваше и претседателот на државата, а за регионот ветија нешто што еве до денес не е исполнето. На почетокот на 2024 година требаше да се изгради фабрика во која што ќе вработуваше 600 луѓе, меѓутоа до денеска гледаме дека во рамките на ТИРЗ зоната останата е старата фабрика КСС која што има 1500 вработени. Затоа сакам да укажам дека треба да ги казниме за лажните ветувања. Треба да ги казниме за криминалот и корупцијата, рече тој.

Сајкоски порача: „И треба да донесеме на Македонија нова надеж и посветла иднина“.

Најнови вести од Македонија

To top