Македонија

Ристески: Ние сме пријатели на работниците и синдикатите

Ние сме пријатели на работниците и синдикатите, тука сме да разговараме и заедно да ги дискутираме сите прашања, како во рамки на министерството за економија и труд, така и преку Економско-социјалниот совет (ЕСС), посочи тој.

Ристески: Ние сме пријатели на работниците и синдикатите

Денеска на покана на Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски и Претседателот на самостојниот Синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, заменик-министерот за економија Марјан Ристески беше гостин на извршниот одбор на КСС каде разговараа на повеќе теми.

-На средбата им го честитав историскиот договор со Владата каде од наредната плата вработените во образованието ќе добијат покачување од 5 проценти, од март дополнителни 7 проценти, и покачувањата ќе продолжат секоја година скалесто каде до 2028 година платите ќе пораснат за минимум 46 проценти.  Ние сме пријатели на работниците и синдикатите, тука сме да разговараме и заедно да ги дискутираме сите прашања, како во рамки на министерството за економија и труд, така и преку Економско-социјалниот совет (ЕСС), посочи тој.

Најнови вести од Македонија

To top