Претседател на скопски огранок на ДУИ e инволиран во упадот во денешниот упад во М-НАВ, дознава „Република“. Станува збор за поранешен министер кој во моменов работи во ова претпријатие.
Покрај него, во М-НАВ е вработен и неговиот баџанак.
Тие влетале во просториите на М-НАВ и вербално нападнале неколку вработени а физички се пресметале со еден вработен Албанец кој ги поддржал барањата на синдикатот.
Возилата во кои биле инволвираните во инцидентот влегле во зградата без да бидат спречени од страна на обезбедувањето.