Македонија Инвестиција вредна два милиони евра

Реконструкција и изградба на ново крило на Специјалната болница „Св. Еразмо“-Охрид

Овој значаен инфраструктурен зафат е посебно значаен за овој регион и вкупната инвестиција е 2 милиони евра. Продолжуваме да го зајакнуваме и модернизираме јавното здравство, информира министерот за здравство Арбен Таравари. 

Реконструкција и изградба на ново крило на Специјалната болница „Св. Еразмо“-Охрид

Ќе се реконструира и ќе се изгради ново крило на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид. Инвестицијата чини два милиони евра, а одлуката е донесена на вчерашната седница на Владата.

-Наша цел е зајакнување и подобрување на инфраструктурата и опременост на сите јавни здравствени установи. Овој значаен инфраструктурен зафат е посебно значаен за овој регион и вкупната инвестиција е 2 милиони евра. Продолжуваме да го зајакнуваме и модернизираме јавното здравство, информира министерот за здравство Арбен Таравари.

Како што информира Министерството за здравство, оваа јавна здравствена установа е посебно важна и од огромно значење за жителите од повеќе општини: Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен, а се вршат и посложени медицински интервенции за жителите од цела држава.

Најнови вести од Македонија

To top